Огромно е задоволството во таборот на Охрид по големата победа над Е. Пелистер, со која охриѓани ги потврдија големите амбиции со кои влегоа во новата сезона. Репрезентативецот Томи Јагуриновски презадоволен по конечниот исход не го криеше оптимизмот дека со оваа победа Охрид ќе тргне кон уште подобри игри и резултати како што ќе се приближува клучниот дел од сезоната. „Oва беше многу тежок натпревар. Во еден момент водевме и со голема разлика, ...
Томислав Јагуриноски се покажа како вистинско засилување во редовите на ГРК Охрид. Македонскиот репрезентативец од меч во меч го потврдува тоа. На дербито против Пелистер, дуел на кој неговиот тим славеше со 29-25, беше еден од најдобрите ракометари на охриѓани. Јагуриноски ги спроведе сите задачи, а зад своето име запиша три гола во исто толку обиди. „Многу тежок натпревар. Пелистер имаше потешки мечеви од нас, пресуди големата желба. Тоа го ...

