Фудбалерите на Босна и Херцеговина по иницијативата од почетокот на натпреварот конечно успеаја да го скршат отпорот на Катарците и тоа во 29-тата минута со фантастичниот гол на Керим Алајбеговиќ. Репрезентативецот на БиХ на одличен начин си направи простор, шутираше силно и го матираше противничкиот чувар на мрежата, нема дилеми дека овој погодок ќе влезе и во потесна конкуренција за еден од најубавите на Светското првенство. Фудбалерите ...

Фудбалерите на Босна и Херцеговина ја остварија потребната победа против Катар славејќи триумф со 3-1 со што многу веројатно си го обезбедија местото во нокаут фазата. Од самиот почеток БиХ беше подобрата репрезентација на теренот, притискаше и создаваше шанси, а резултатот беше отворен со фантастичен гол на Керим Алајбеговиќ во 29-тата минута. Само пет минути подоцна Абуанда си ја погоди сопствената мрежа и Босна дојде до 2-0. Катарците ...