Новата улица СРУ 5, иако официјално не добила име, битолчани веќе ја нарекоа „Улицата Трансформаторо“. Таа деновиве стана своевиден виц во Битола откако аголот од трансформаторот за струја со 15 до 20 сантиметри излегува на новиот коловоз тукушто асфалтиран, а со другиот свој дел го зафаќа просторот каде што би требало да продолжи новата пешачка патека. Откако минатата недела градоначалникот Тони Коњановски го најави асфалтирањето на новата ...
БИТОЛА – Трафостаница од витално значење за неколку големи објекти во Битола и Градското шеталиште стана дел од новата сообраќајница која ја поврзува улицата „Партизанска“ во Битола и населбата „Златен рид“ во старата касарна. Трафостаницата предизвика внимание во јавноста и отвори простор и за сериозни прашања за изведбата на проектот, но и за сеир на битолчани. Околу четириесетина сантиметри од едниот ќош на трафостаницата влегува во ...

