Екипата на Голден Стејт Вориорс извојува голема победа над Кливленд Кавалирс на гостински терен со 94-99 и покрај отсуството на главните ѕвезди. Ништо ново за тимот на Стив Кер, кој триумфираше по третпат во последните четири натпревари без помошта на Стеф Кари, Џими Батлер, Дрејмонд Грин и Ал Харфорд. Вориорси не мора да се грижат бидејќи имаат ѕвезда во подем во името на Пет Спенсер, кој одново блесна и постигна рекордни 19 поени. Тој беше ...

Голден Стејт не е во баш добар ритам и игра „топло-ладно“ од стартот на сезоната, нешто што продолжи да биде тренд и во ситуација кога на паркетот ги намаше трите најголеми ѕвезди во тимот. Стив Кер не можеше да смета на Стеф Кари, Џејми Батлер и Дрејмонд Грин, па иако шансите за пораз се зголемија, на крајот „воините“ направија големо изненадување. Голден Стејт успеа да го освои Кливленд и запиша триумф со резултат 94:99, што воедно направи ...