Во автобус што превезувал навивачи на шпанскиот фудбалски клуб „Барселона“ во Бриж вечерва избувна пожар, но при инцидентот нема повредни, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ. Пожарот избувнал додека автобусот со навивачите се движел кон стадионот „Јан Брејдел“, каде што вечерва се игра фудбалски натпревар рамките на Лигата на шампионите меѓу домашниот „Бриж“ и „Барселона“. Според полицијата, пожарот го предизвикал еден од навивачите ...

Утрово на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје се запалил автобус на ЈСП додека бил во движење. Според информациите од МВР, во моментот на инцидентот во возилото немало патници. Пожарот бил веднаш пријавен, по што на лице место интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје и успеала да го изгаси огнот. Возачот, кој бил сам во автобусот, не е повреден. Надлежните служби ќе спроведат увид за да се утврди причината за пожарот. ...