Русија сигнализирала дека е подготвена да го прифати влезот на Украина во Европската Унија како дел од евентуален мировен договор за прекин на војната во Украина, велат американски претставници, истакнувајќи дека веќе е постигнат консензус за околу 90 проценти од мировниот план што го составија САД, објави АП. Напредокот е постигнат за време на интензивните разговори во Берлин меѓу претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, ...
Според написот, откако иницијативите на Трамп за постигнување договор засега не дале конкретни резултати, Вашингтон го засилил притисокот врз Киев да прифати одредени отстапки со цел завршување на конфликтот. Специјалниот изасланик на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер, претходно неделава одржале долги разговори во Берлин со украински и европски претставници. Темите биле американските безбедносни гаранции за Украина, можни ...

