Екипата на Пелистер се соочува со голем проблем, затоа што во баражот за опстанок, тимот на Шкендија Арачиново дојде до предност (0-1). По еден спринт во воведните минути од второто полувреме, стрелец за Шкендија Арачиново беше Зани Назифи. Шутираше откосо, убаво успеа да го совлада голманот на „зелените“. Дуелот меѓу Пелистер и Шкендија Арачиново се игра за место во Првата лига во новата сезона. Екипата на Пелистер се соочува со голем ...

Екипата на Шкендија Арачиново забележа историја и со победа над Пелистер по изведување на пенали (1-1 регуларен дел, 6-5 пенали) обезбеди место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) за првпат во својата историја. Битолчани, пак, иако со поголем буџет од ривалот и квалитет на хартија, не успеаја до резултат и се селат во понизок ранг. Дуелот меѓу двата тима почна со притисок на прволигашот, кој се обидуваше да го пробие одбранбениот ...