Опозициската ДУИ, предводена од Али Ахмети, засега не дава поддршка за законските решенија предложени од владејачкото мнозинство, а без гласовите на оваа партија не може да се обезбеди мнозинство од припадниците на заедниците, што е уставен услов за нивно донесување. Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг изјави дека меѓу пратеничките групи сè уште нема договор за измените на Законот за прекршоците. Според него, доколку ...
Измените на Законот за прекршоци, со кои, меѓу другото, треба да се дозволи електронско испраќање на записниците за сторен сообраќаен прекршок, се заглавени во собраниска процедура, а за нивно усвојување потребно е двотретинско и бадентерово мнозинство Владејачкото мнозинство засега ја нема поддршката од ДУИ чии гласови се неопходни за да се обезбеди бадентерово мнозинство Неизвесно е дали системот „Безбеден град“, кој треба да ги регистрира ...
Сите лидери или претставници на партии што имаат пратенички групи, освен лидерот на СДСМ Венко Филипче, се очекува да учествуваат на лидерската средба што премиерот Христијан Мицкоски ја закажа за Василица. Освен за политичката и економската ситуација во државата, како што е наведено во поканите од премиерот, на маса пред Мицкоски лидерот на ДУИ Али Ахмети се очекува да ги стави новиот национален договор за прогрес, потоа „двата Бадентера“, ...
„Безбеден град“ сепак се очекува да стартува од 1 февруари откако на лидерската средба начелно било договорено да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за Законот за прекршоци, а договорот треба да го допрецизираат координаторите на пратеничките групи. Претседателот на Собранието Африм Гаши иако се очекуваше утре да ја закаже пленарната седница и измените на законот да поминат, сепак законот ќе почека најверојатно до следната ...

