Повеќето универзитети во Македонија не ги објавуваат документите што законски треба да бидат достапни. Само околу 30% објавуваат универзитетскиот гласник, три од седум својот годишен буџет, додека финансиското работење нередовно се ажурира. Ниту еден универзитет не е целосно транспарентен, покажа последното истражување на Форумот за образовни промени (ФОП). Од Форумот посочуваат дека транспарентноста на јавните универзитети претставува клучен ...
Транспарентноста на јавните универзитети во Македонија и понатаму останува на незадоволително ниво, покажува новото истражување „Транспарентноста на јавните универзитети во Република Северна Македонија“, спроведено од Форумот за образовни промени (FECH) во периодот јануари – август 2025 година. Истражувањето ја мери отвореноста на високообразовните институции преку Индекс на транспарентност, составен од седум категории, со максимум од 21 поен. ...

