Сите дилеми околу опстанокот во Првата футсал лига беа решени вечерва во Штип, каде Осогово одигра 3:3 против Мал Ајакс и со тоа го завери останувањето во елитата. Од друга страна, штипјани и официјално се селат во Втора лига, каде ќе им се придружи и Балкан. Гостите поведоа преку Кристијан Стојановски во 16. минута, но второто полувреме донесе вистинска голеада. Мал Ајакс направи пресврт со головите на Филип Слободановски и Иса Дурмишов за ...

На две кола до крајот во Првата футсал лига се е решено и нема ништо интересно, освен што ќе се игра за престиж и што повисок пласман на табелата. Од осмото до четвртото место сите екипи се во игра, бидејќи меѓу нив разликата е три бода, а до крајот остануваат уште шест бодови за освојување. Како што и претходно анализиравме и во спортски магазин Трибина, потенциравме дека Балкан и Мал Ајакс ќе имаат тешки задачи во 16. коло и дека испаѓаат и ...