По речиси половина век од објавувањето на претходниот, прв избор од поезијата на Бранко Миљковиќ во препев на македонски јазик, утре, со почеток во 19 часот, во Српскиот културно-информативен центар „СПОНА“ ќе се помовира нов избор од творештвото на големиот српски и јужнословенски поет што меѓу првите ја ослободи книжевноста од пригодноста и дидактичноста, од практицистичките и прозаични, чисто фолклористички потреби. Изборот е во издание на ...

Изборот е во издание на „Матица македонска“, а е приреден и препеан од истакнатиот македонски поет, книжевен критичар, антологичар и преведувач, Раде Силјан, што е уште една потврда дека Миљковиќ, мошне автентично ја возвиши поетската реч на пиедесталот на препознатливост во пошироки тематско-естетски рамки. Промотор на изданието ќе биде проф. д-р Трајче Стамески од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во ...