На 21.11.2026 во 19:00 часот во СВР Тетово, 38-годишна жена од Тетово пријавила дека нејзиниот 49-годишен сопруг од с. Балин Дол, општина Гостивар, со кого е во бракоразводна постапка, ја следи и ѝ се заканува и дека последен пат околу 17:05 часот дошол во салон на ул. „Илинденска“ во Тетово, каде што таа била на работното место, по што настанала вербална расправија и упатување закани за одземање на двете заеднички малолетни деца. За случајот ...

На 21.11.2026 во 16:20 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево лишија од слобода 56-годишник од кичевско поради тоа што не го почитувал судското решение со кое му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство кон неговата 49-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 21.11.2026 во 16:20 часот во Кичево, ...

На 22.11.2026 во 02:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода 40-годишник од Кочани, постапувајќи по пријава дека во домот на роднини на неговата 36-годишна сопруга во Кочани физички ги нападнал неговите малолетни деца и останати членови од фамилијата кои биле присутни во домот, со што кај нив предизвикал страв, вознемиреност и несигурност за сопствениот живот. За настанот е известен јавен обвинител и по негово ...