Канцеларијата на високиот претставник во Босна и Херцеговина треба да се затвори што е можно поскоро, а таа функција треба да се укине без никакви предуслови, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. На овој начин, таа одговори на прашањата на Федералната новинска агенција ФЕНА во врска со назначувањето на Луис Кришок за заменик-висок претставник во Босна и Херцеговина. Од нашата мрежа ...

Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот во Босна и Херцеговина (ПиК) денеска, ни во третиот обид, не донесе одлука за назначување на нов висок претставник на меѓународната заедница во оваа земја, а консултациите за ова прашање ќе продолжат додека американскиот дипломат Луис Кришок ќе продолжи да биде привремен висок претставник. Кришок е на оваа позиција од 30 јуни, кога Управниот одбор на ПИК му довери привремен мандат, ...

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Сараево соопшти дека и понатаму го поддржува италијанскиот дипломат Антонио Занарди Ланди како кандидат за нов висок претставник во Босна и Херцеговина и дека во моментов не разгледува други имиња за оваа функција. Од американската амбасада посочија дека Занарди Ланди е високо квалификуван кандидат и дека Вашингтон останува на ставот дека тој е најсоодветен избор за наследник на актуелниот ...