До македонското Собрание не е доставен закон за полагање правосуден испит и затоа не може нешто да се повлече. Она што е доставено до Венециската комисија е материјал во форма на закон, врз основа на кој ние, т.е. Владата бара мислење – појасни премиерот Христијан Мицкоски од говорницата на македонското Собрание. Во одговор на прашањето на пратеникот Скендер Реџепи за законот за правосудниот испит, Мицкоски истакна дека мислењето на ...

Предложениот модел за организирање и полагање на правосудниот испит денеска беше презентиран пред известувачите на Венециската комисија, од која, како што информираа од Министерството за правда, очекуваат независна и стручна правна оценка за неговата усогласеност со Уставот и европските стандарди. На средбата, покрај министерот за правда Јетон Шасивари, присуствуваа и претседателот и членовите на Комисијата за полагање на правосудниот испит, ...