Американската актерка и ѕвезда од филмот „Диво во срцето“, Дајана Лад, почина на 90-годишна возраст, објави нејзината ќерка, добитничката на Оскар, Лора Дерн. Лад беше номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога три пати – за филмовите „Алиса повеќе не живее тука“, „Дива во срцето“ и „Rambling Rose“. Таа, исто така, глумеше во филмот „Бела молња“ од 1973 година, како и во серијата на HBO од 2011 година „Просветлените“, заедно со ...
На 84-годишна возраст почина Џемо Дестан, човекот кој со својата насмевка и мајсторство го претвори името „Дестан“ во синоним за скопска традиција и вкус. Децении наназад, тој беше препознатлив лик во старата чаршија, каде со леснотија ги превртуваше ќебапите на решетката и со својот ведар дух ги пречекуваше илјадниците гости. Џемо ќе остане запаметен како човек со големо срце, секогаш подготвен за шега, разговор и добредојде. Неговата насмевка ...
На 79-годишна возраст, по кратко боледување, во Битола почина дипломираниот архитект Димитар Ивановски – Митац, објави bitolanews.mk. Димитар Ивановски е роден во Битола, каде што го поминал своето детство и образование. Средното образование го завршил во родниот град, а студиите по градежништво ги продолжил и успешно ги завршил на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на својот работен век, Ивановски прво работел како професор во Долната ...

