Силното невреме што попладнево го зафати Штип предизвика сериозни проблеми во повеќе делови од градот. Силниот ветер корнеше дрвја, а на неколку локации тие паднаа врз коловозите и тротоарите, отежнувајќи го движењето на возилата и пешаците. Фотографијата е од една од погодените улици, каде што големо дрво е буквално преполовено и паднато преку патот, при што е блокиран сообраќајот кај катната гаража позади Домот на културата. На терен веќе ...

Силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер вчера попладнето го зафати Делчево, оставајќи зад себе низа оштетувања и прекини во електроснабдувањето. Од околу 19 часот градот остана без електрична енергија, откако невремето предизвика дефект на далноводот во близина на Турските гробишта. Граѓаните пријавија и падната електрична бандера, а екипите излегоа на терен за отстранување на последиците. Најсериозен инцидент беше регистриран ...