Скопје е нов лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига откако во 22. коло триумфираше заслужено со 0-2 на гостувањето против Вардар Неготино. По овие три бода тимот од Автокоманда ја запоседна лидерската позиција на табелата со 50 бода, еден повеќе од Охрид кој има и натпревар помалку, оној денешниот од 18 часот на гостувањето против Брегалница во Штип. Шкендија Арачиново остана „без муниција“ против Беласица пред своите ...
Шкендија Арачиново направи чекор назад во трката за пласман во повисок ранг, откако на домашен терен ремизираше без голови против Беласица во денешното коло од Втората лига. Домаќините имаа повеќе од играта и создадоа неколку солидни можности, но реализацијата изостана, па бодовите беа поделени. Најмногу од ваквиот исход профитираше ФК Скопје, кој со сигурни 0-2 на гостувањето кај Вардар Неготино се искачи на врвот на табелата. Пиратите од ...

