1309 – Папата Клемент Петти ја преместил папската престолнина во Авињон, во југоисточна Франција, каде што папската резиденција останала се до 1377 година. Овој престој на папата надвор од Рим е наречен „авињонско папско ропство“. 1616 – Во Стратфорд на Ејвон умрел Вилијам Шекспир, англиски драмски поет и артист. Се смета за еден од најголемите драмски писатели на сите времиња. Тој е автор на незаборавените и често изведувани многубројни ...

1611 – Роден е Евлија Челебија, турски патописец. Од 1630 година, речиси без прекин патувал по Османлиското царство и надвор од него учествувајќи во воени походи. Водејќи воени белешки, низ разговори со стари луѓе за обичаите и настаните, копајќи по старите архиви, напишал патопис во 10 тома и оставил скапоцени сведоштва за балканските народи и простори. Пропатувал и низ голем дел од Македонија, при што оставил скапоцени сведоштва за ...

1827 – Во Виена умрел Лудвиг ван Бетовен, германски композитор, еден од најголемите композитори на сите времиња. Компонирал девет симфонии, од кои најпознати се Третата, Петтата и Деветтата симфонија, како и клавирски сонати, гудачки квартети и друго. Роден бил во Бон, на 17 декември 1770 година. 1868 – Роден е Ахмет Фауд Паша, кој како Фауд Први во 1922 година станал првиот крал на Египет. Претходно додека Египет бил под британски ...