Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. -На 22.10.2025 во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на ул„Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот како ја носи неговата малолетна ќерка да проси ...

Полицијата во Скопје работи на расветлување на случај во кој 61-годишен скопјанец бил измамен и ограбен од лице што се претставило како полициски службеник. Според пријавата поднесена во СВР Скопје, инцидентот се случил на 28 октомври, околу 00:30 часот, на подрачјето на Гази Баба. М.А. се наоѓал во своето возило кога му пришло лице што му кажало дека е полициски службеник и му побарало документи од автомобилот. Како што пријавил оштетениот, ...