СКОПЈЕ – „Унгарскиот кредит“ тежок половина милијарда евра ги скара власта и опозицијата откако Законот влезе во собраниска процедура но по скратена постапка. Опозициската СДСМ најави дека ќе го блокира носењето доколку не оди по редовна постапка и дебата, од владејачкото мнозинство пак велат дека Законот ќе се донесе и дека каматата е далеку пониска од онаа која ја плаќала претходната Влада. Според СДСМ во заемот од половина милијарда евра има ...

Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, ...