Поради случаите со зарацени лица со Западнонилска треска во Скопје, вклучен е алармот во Полошкиот регион. Соочени со овој здравствен ризик, општините во овој регион се активираа за дезинсекција од комарци и инсекти, но со различно темпо и во различни периоди. Општина Тетово последната дезинсекција ја реализирала на 6 јули. Од локалната самоуправа велат дека следната акција е планирана за понеделник, но нејзината реализација зависи од ...
Нема простор за паника, но симптомите како вкочанет врат, силна главоболка, чувствителност на светлина и нарушена свест не смеат да се игнорираат при сомневање од западнонилска треска, предупредува матичната лекарка Лилија Чолакова Дервишова. Таа бара да се проверат квалитетот, концентрацијата и рокот на препаратите со кои се прска против комарци, бидејќи очекуваните ефекти изостануваат. Високиот број регистрирани случаи на западнонилска ...

