Нубаја Гарсија вечерва, 15 август, во 21:30 часот ќе настапи на Долни Сарај во Охрид, носејќи звук од една од највозбудливите генерации што британскиот џез ја создаде во последната деценија. Лондонската саксофонистка и композиторка не доаѓа само како уште едно меѓународно име во фестивалската програма, туку како музичарка која стана еден од симболите на современата британска џез сцена. Пред нејзиниот концерт, во 20 часот на истата сцена ќе ...

Охрид, 15 август 2026 (МИА) - Една од водечките фигури на новата британска џез-ренесанса, саксофонистката и композиторка Нубаја Гарсија и западноафриканскиот трубач Питер Сомуа со својот состав вечерва се главните имиња на третата „Џез вечер“ што се одржува во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За двата концерта резервирана е фестивалската сцена „Долни Сарај“, а вечерта ќе ја отвори Питер Сомуа Груп од Гана и Холандија во 20 ...

Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта. Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Музиката без граници ја одбележа уште ...