Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Во бифето на Младинскиот културен центар ‒ Скопје вечер ќе биде одржана промоција на стихозбирката „Хотел за мртви“ од Лана Деркач, што од хрватски ја препеа Славе Ѓорѓо Димоски, а изданието со поддршка на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска го објави ПНВ Публикации од Скопје. Книгата низ разговор со авторката ќе ја промовира Јулијана Величковска. -Можеби оваа свесна погрешна интерпретација ...
Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Најновата поетска книга на Виолета Танчева-Златева - „На ти со Ерос и Танатос“ ќе биде објавена вечер од 19 часот во Даут-пашин амам. Стихозбирката е издание на Издавачкиот центар ТРИ и беше финалист за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. - „На ти со Ерос и Танатос“ се издвојува по својата зрелост и експерименталност во жанрот, што ни покажува дека тие две нешта не се секогаш ...

