Поради најавените високи температури и топлотниот бран кој го зафати регионот, возачите се предупредуваат да бидат особено внимателни, не само во сообраќајот, туку и поради зголемената опасност од појава на пожари. Експертите апелираат во автомобилите да не се оставаат предмети кои под влијание на високите температури можат да предизвикаат опасност. Особено внимание се посветува на проѕирните шишиња, запалките, спрејовите и лименките, кои во ...
Топлотните бранови стануваат сè почеста појава, а екстремно високите температури можат да предизвикаат низа здравствени проблеми, од дехидрација и топлотна исцрпеност до топлотен удар, кој може да биде животозагрозувачки. Најранливи се малите деца, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични заболувања. Еден од најважните совети за заштита во текот на жешките денови е редовниот внес на течности. Телото преку потењето губи голема ...

