По отворањето на групата за архивирање и споделување графити во Македонија и Скопје, арно.мк ви го преставува (првиот?) магазин за графити на македонски јазик „ГРРФТ магазин“. Првиот број на магазинот можете да го видите и симнете тука! Од содржината издвојуваме наслови како „Најпознатите СК/МК графитџии“, „Графити кои ги нема“, „Графити од другата страна на Вардар“, „Најголем графит во Македонија!?“ „Има ли стeнсили во Скопје?“, „Муралот како ...
Новиот магазин за графити на македонски јазик „ГРРФТ магазин“, ни ја носи урбаната страна на градот низ графити, мурали, стенсили, низ траги од бои и пораки. Ни ја носи приказната на градот раскажана низ слики. „Да документираме графити и да ја архивираме сцената. Сакаме да го осетиме пулсот на градот кој бавно умира пред нашите очи. Можеби и веќе умрел, а она што го гледаме се траги на еден жив мртовец… Графити сцената во Скопје настана во ...