Аргентинецот Нико Паз кој игра за Комо, не е напаѓач, но сезонава е најефикасен млад фудбалер (до 21 година) во Топ 5 лигите во Европа. Паз вечерва даде два гола на гостувањето кај Лацио и придонесе за победата на Комо од 3-0. Нико сега има 8 голови сезонава и втор стрелец е во Серија А, зад сонародникот Лаутаро Мартинес. Освен осумте погодоци, Нико има и шест асистенции. Тој вечерва можеше да направи и хет-трик, но утна пенал. Со победата ...

Сеск Фабрегас и неговиот Комо продолжуваат да бидат најпријатното изненадување во италијанската Серија А оваа сезона. Вечерва, во рамките на 21. коло, тимот од езерото одржа вистинска фудбалска лекција среде Рим, декласирајќи го Лацио со убедливи 0-3. Ова не е победа, туку демонстрација на сила. Комо доминираше во поседот (рекордни 757 подавања за нив сезонава), создаваше шанси и го остави тимот на Маурицио Сари без никаков одговор. Херој на ...