Кој ја загадува Струмица –домаќинствата или индустријата? Тоа беше главното прашање на кое се дискутираше на состанокот на Локалниот совет за превенција во Струмица. Раководителот на секторот за инспекциски надзор во општината, Ѓорги Чукарски, вели дека тие се држат до студијата што ја изработија експерти од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип која вели дека најголем загадувач во Струмица се домаќинствата. Меѓу нив ги спомнаа и земјоделците ...

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекината епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички во Скопје и Струмица. Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем, на 22 декември 2025 година среднодневните концентрации на РМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен. Со оглед на тоа, како што соопштува Министерството, престануваат ...