Повеќе од пет метри снег паднале неделава во делови од рускиот регион Камчатка, на далечниот североисток на земјата, а дури и локалните жители, кои добро знаат што е тоа зима и снег, велат дека состојбата е екстремна. Снежната покривка е просечно три метри на целиот полуостров, но на местата на кои снегот го навеал ветер, има и згради високи 15-тина метри кои се целосно под снег, јавуваат локалните медиуми. Неверојатните снимки и фотографии ...
На социјалните мрежи се појавуваат голем број видео од Камчатка, која деновиве е погодена од силни снежни врнежи, коишто буквално покриваат цели згради. Во едно такво видео е објавено како жители на Камчатка ископале тунел низ снегот за да стигнат до куќата на пензионерка, целосно затрупана со снег до покривот. На снимката, луѓето велат дека откако завршиле со копање тунел до вратата, планираат да направат скали и да и помогнат на бабичката ...

