Обемна студија објавена во списанието „Нејчр“ образложува дека жолтите дождови се само видливата трага од еден многу поголем процес за кој науката сè погласно предупредува Жолтите дождови што сè почесто ги гледаме по автомобилите, прозорците и улиците одамна престанаа да бидат необична временска појава. Научните докази сега потврдуваат дека тие се само највидливиот знак на многу подлабок и посериозен проблем. Сахарската прашина не е само ...

Долго време мислевме дека Сахара е далечен свет на песочни дини и жешки ветрови. Денес науката ни покажува дека таа станува дел од воздухот што секојдневно го дишеме. Македонија веќе не е само сведок на климатските промени туку и нивен директен примач. Жолтите дождови повеќе не се куриозитет за фотографирање на социјалните мрежи туку се предупредување дека климатската криза повеќе не доаѓа – таа веќе пристигна. Таа веќе е во нашите бели ...