Гол по гол, победа по победа до титула. Ова е формулата на Арсенал во последните две кола во Премиерлигата. После минималната победа над Вест Хем, „топчиите“ со истиот резултат го совладаа и Барнли на домашен терен. Овој пат со гол многу порано отколку на претходниот меч, одновно во првиот дел. Арсенал имаше повеќе од играта, од шансите, а на крајот пресуден беше само голот на Каи Хаверц. Сака асистираше до Германецот, кој го постигна голот ...

Фудбалерите на Арсенал забележаа минимална, но многу значајна победа над Барнли од 1-0, па сега се на само еден чекор до трофејот од Премиер лигата. Голот за победа беше дело на Каи Хаверц во 37-мата минута, откако највисоко скокна по корнерот на Сака. Ова беше 24-ти гол оваа сезона во Премиер лигата кој „топчиите“ го постигнаа по корнер. Арсенал сега има 82 бода, пет повеќе од Манчестер сити, кој утре гостува кај Борнмут во меч од ...