text size САД и Иран и натаму се воздржуваат од напади, што придонесе за раст на глобалните пазари на акции и обврзници и за пад на цените на нафтата. Американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата недела се закани дека ќе ги интензивира нападите врз Исламската Република, сега ѝ дава „одреден простор“ на дипломатијата, изјави во неделата Мајк Волц, амбасадор на САД во Обединетите нации. Тој додаде дека разговорите меѓу двете страни се ...
И покрај привремената пауза во американските воздушни напади врз Иран, безбедносната состојба на Блискиот Исток останува нестабилна. Саудиска Арабија соопшти дека соборила беспилотни летала насочени кон нафтени објекти, додека слични инциденти беа пријавени и во Јордан и северен Ирак. Според саудиските власти, дроновите биле лансирани од Ирак од вооружена група поддржана од Иран. Mеѓувреме, јеменските Хути презедоа одговорност за напади врз ...

