Фудбалерите на Брајтон не успеаја да го искористат вчерашниот „кикс“ на Арсенал за да му се приближат на лидерот откако попладнево неочекувано загубија на гостувањето против Хал со 2-0. Тоа беше дуел во кој Брајтон целосно доминираше, создаде бројни шанси, но се беше попусто кога Хал на својот гол го имаше неверојатниот Цолакис. Голманот на Хал одбрани три зицери во првото полувреме, продолжи во ист ритам и во вториот дел и беш најзаслужен ...
Екипата на Брајтон сезонава ги победи Сити и Арсенал, но кога требаше да ја искористи можноста да се доближи на три бода до водечкиот шампион во Премиер лигата, загуби на гостувањето кај Хал и тоа со два гола примени во судиското надополнување (2-0). Избраниците на Фабијан Хирцелер имаа низа големи шанси, но немаа решение за расположениот грчки голман Константинос Цолакис, кој со неколку фантастични интервенции го спасуваше својот тим. ...

