Охрид, 5. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во предворјето на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав Билјана. – Ова година по тринаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наши гости оваа година се Емилија Колоска и Стефан Петрески, порачуваат организаторите. Билетите за овој настан се продаваат во ...

Охрид, 6. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во дворот на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во стариот дел на Охрид, синоќа се случи незаборавно искуство и вистинско уживање за љубителите на староградската песна со 13. издание на „Охридската визита“, традиционалниот годишен концерт на ВИС Билјана. Како вистински чувари и промотори на староградската музика и традиција, од ВИС Билјана на публиката и’ се заблагодарија со прекрасен избор на ...