Израелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз израелските војници во јужниот дел на Газа и за кршењето на договорот со кој требаше да се вратат телата на преостанатите загинати заложници. - Нападот на терористичката организација Хамас врз војниците на ИДФ (Израелските одбранбени сили) во Газа денеска преминува очигледна црвена линија на која ИДФ ќе одговори со голема сила. Хамас ...

Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул по обновувањето на борбите во Појасот Газа ги повика и Израел и Хамас да не го загрозуваат мировниот план. - Сите напори сега мора да бидат фокусирани на исполнување на очекувањата на луѓето во целиот регион, наведе Вадефул пред да тргне на повеќедневна посета на Блискиот Исток. Тој го повика Хамас да ги исполни своите обврски од мировниот план, според кој палестинската екстремистичка група треба ...