Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, го критикуваше својот напаѓач Рандал Коло Муани за неговата неефикасност по тешката победа на „Старата дама“ на гостински терен против повратникот Фрозиноне. Тој истакна дека францускиот напаѓач мора да го подигне своето ниво на игра. „Отидовме и го доведовме Коло, се грижевме за него и знаеме каква е неговата вредност. Но, тој мора да разбере дека не играл две години и дека мора да има причина за тоа. ...
Јувентус ја започна сезоната во Серија А со минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Фросиноне, но триумфот не ги сокри проблемите во нападот. „Старата дама“ имаше доволно шанси да го реши натпреварот многу порано, но наместо тоа до последниот судиски свиреж стравуваше дека ќе остане без трите бода. Единствениот гол за Јувентус го постигна стоперот Глеисон Бремер – фудбалер чија примарна задача е да ги спречува головите, а не да ги ...

