Со свечено палење на празничните светилки вечерва во 18 часот, плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе го отвори новогодишниот и божиќниот сезонски празничен амбиент. Градот најавува богата програма, украсен простор и изненадувања за сите генерации, со цел да донесе радост и магија во центарот на главниот град. Подготовките на плоштадот започнаа рано утринава, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани сите граѓани да присуствуваат на заедничкото ...
Половина месец пред Нова година се уште недостасува оној празничен дух, но според денешната слика, Скопје треба да блесне во новогодишен сјај, па се очекува тука да пристигне убавото расположение, кое пред се ќе го донесат дечињата. Денеска ќе биде осветлена и големата елка, а стартува и новата манифестација украсуваме по скопски со награди од најубаво украсените домови и дворови. На плоштадот „Македонија“ денеска ќе биде организирано и ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги повика граѓаните вечерва во 18 часот на плоштадот „Македонија“, каде што свечено ќе биде означен почетокот на новогодишните и божиќните празници со осветлување на градот. Според најавите, скопјани ги очекува посебна празнична атмосфера, богата програма со забава, музика, бројни подароци и изненадувања за сите генерации. Како што истакна Ѓорѓиевски, годинава празничниот дух повторно се враќа во ...

