Младите радовишани Иван Младеновски (22) и Спасе Арсов (22) се другари, како што велат, цел живот. Летово дошле до интересна идеја да направат подвиг што ќе се памети и ќе се забележи. Нивната авантура е долга 1.974 километри, се одвива со автомобилот „даихатсу сирион“ од 2007 година, а крајната цел е луксузниот и блескав Монте Карло, местото каде што скапите автомобили се секојдневие, раскошот е нешто нормално, а луксузот е начин на живот. ...

Двајца другари од Радовиш станаа интернет-сензација откако започнаа невообичаен подвиг од малото гратче Радовиш до Монте Карло, пренесува порталот „Слободен печат“. Иван Младеновски и Спасе Арсов одлучиле да патуваат со автомобил марка „даихатсу сирион“ („Daihatsu Sirion“) од 2007 година дури 1.974 километри. Овој предизвик го поставуваат со една цел да покажат дека и со мал градски автомобил во добра возна состојба може да се стигне каде што ...