Со недели СДСМ бара а Владата одбива да објави официјален и целосен извештај за квалитетот и безбедноста на водата во Гостивар. Каде е целиот извештај за водата во Гостивар? Клековски објави само четвртина, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Делче само. За останатото, граѓаните ги упати кај ЦУК, кај АХВ и кај „Комуналец“. Ако сакате да знаете што сте пиеле – шетајте од институција до институција и соберете си го ...
СДСМ бара да биде објавен целосен, јавен и потпишан документ за анализата на водата во Гостивар, посочувајќи дека поминале шест недели, а таков извештај сè уште нема. Од партијата велат дека премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за здравство, Клековски, создаваат паника со тоа што документот не се објавува веќе шест недели. „Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните?“, прашуваат од СДСМ. Според партијата, ...

