Од „широката лепеза“ на отпад зад „Џевахир“ денес може да се забележи дека тука претежно преовладуваат пластични кеси полни со тековен отпад од домаќинствата, но пространата локација е исполнета и со голем број пластични шишиња, обувки, кеси од храна, канцелариски столчиња, пластични и дрвени гајби, автомобилски гуми, огромна количина стиропор налик на заштитниот слој за нови апарати за домаќинство. Контејнерите преполни, расфрлано ѓубре на ...
Три месеци откако жителите на кулите „Џевахир скај сити“ се пожалија од огромната депонија во околината на неколкуте контејнери поставени за потребите на овој комплекс во кој живеат повеќе од 3.000 жители, историјата се повторува и сега повторно на истата локација е оформена еден вид „разгранета“ депонија – контејнерите се полни, а ѓубрето околу нив не е концентрирано на едно место, туку е распространето на стотиците квадрати зелена површина ...

