Египетскиот голман Карим Хендави има нов клуб по заминувањето од бундеслигашот Вецлар со кого го раскина договорот и потпиша во либискиот ракомет. Либискиот клуб Итихад објави дека постигнал договор со 37-годишниот чувар на мрежата кој остави трага во Македонија. Хендави среде сезона го раскина договорот со бундеслигашот и веднаш најде нов клуб. Се работи за голман кој го чуваше голот на пелистерци во 2021 година, а низ кариерата остави трага ...

Шпанскиот ракометен стратег Рубен Гарабаја ја продолжува својата интернационална кариера со нов ангажман во Бешикташ, објави „Балкан Хендбол“. Гарабаја го прифатил предизвикот да го води турскиот клуб во период во кој Бешикташ има јасна цел, засилување на конкурентноста на меѓународната сцена и враќање меѓу релевантните имиња во европскиот ракомет. Неговиот последен ангажман беше во Еурофарм Пелистер, со кој настапуваше во Лигата на ...