Општинските служби задолжени за одржување на хигиената во Карпош започнаа акција за чистење на надвозникот Влајко. Како што посочија од Општина Карпош во објава на социјалните мрежи, во наредниот период ќе следат и дополнителни акции. Од таму додаваат дека акциите ќе се одвиваат согласно потребите, а целта е овој премин кој најчесто го користат учениците од ООУ Димо Хаџи Димов, да биде безбеден, сигурен и со адекватна хигиена. ...

Екипите од Општина Карпош задолжени за одржување на јавната чистота, во соработка со лицата од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, вчера во текот на вечерните часови темелно го расчистуваа комуналниот смет на повеќе локации низ населбата Бардовци. Како што информираа од Општина Карпош преку социјалните мрежи, станува збор за координирана акција помеѓу овие две комунални служби, кои досега повеќе пати соработуваат во насока на одржување на ...