Нема докази дека во 18 или 19 век, па дури и античкиот период, европските географи го користеле терминот „Македонски Полуостров“ за целата област на Балканскиот Полуостров. Терминот Macedonia тогаш често се однесувал на конкретна историска област (во рамки на денешна Грција, делови од Северна Македонија и Бугарија), многу поширок отколку денес, но сè уште не на ниво на цел Балкан. Понекогаш во античката литература регионот е поврзуван со ...
Со објава на Фејсбук, од извесна Илина Маркоска. Таа на Фејсбук напишала „Дали знаевте дека до 1808 година Балканскиот полуостров се викал Македонски полуостров, кога германскиот географ Август Зеуне го преименувал?“ Екипата на Вистиномер провериле и порачуваат: „Нема докази дека во 18 и 19 век Балканскиот Полуостров се викал Македонски Полуостров“. „Поради тоа, објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина“, вистинољубиво пресудува ...

