До 18:00 часот денеска во Македонија се евидентирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е ставен под контрола, а 14 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најсериозни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири на потегот меѓу селата Моране, Вртекица, Рамни Габер, Палиград и Вражале, зафаќајќи мешана шума. Активен пожар има и во гостиварското село Трново, ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани утринава до 7:30 часот на територијата на државата. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), четири пожари се сè уште активни, три се ставени под контрола, додека 24 се целосно изгаснати. Активните жаришта се лоцирани во повеќе региони: Студеничани и Зелениково: Гостивар и Македонски Брод: Чашка: Струга: Под контрола на противпожарните екипи се три пожари: Општина Кичево ...

