Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, храбро го понесе најголемиот товар околу организацијата на Светското училишно првенство во ракомет за кадети кое се одржа во Скопје, а сега кога сето тоа заврши, успешно за Македонија и организациски и резултатски, може да се сумираат резултатите и да се даде оценка. Мицковска која и самата е професорка во средно училиште, смета дека првенството на кое ...

Светското училишно првенство во ракомет кое беше во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а под покровителство на Министерството за спорт, официјално е затворено. Македонија и Скопје се покажаа како добри домаќини на историски спортски настан на кој учествуваа 21 делегација од различни делови во светот. Натпреварите беа исполнети со неизвесност, квалитет и вистински спортски дух. Организацијата помина на високо ниво, а ...