Струга/Охрид, 16. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под слоганот „Едно езеро-безброј приказни“, во недела трите крајезерски града, Охрид, Струга и Поградец, ќе го одбележат 21 јуни, Денот на Охридското Езеро. Овој ден секоја година е посветен на едно од нашите најголеми природни богатства и симбол на регионот, а домаќин на централната прослава оваа година е Општина Струга. Трите општини ќе обединуваат институции, организации, млади и граѓани од трите ...
Во пресрет на 21 јуни – Денот на Охридското Езеро, НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска во 11 часот ќе ја одржи манифестацијата СЛУШНИ ГО ЕЗЕРОТО. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Охрид. На платото пред Библиотеката трета година со ред поети од Поградец, Струга и Охрид ќе читаат претежно песни инспирирани од Езерото. Во Охрид ќе допатуваат и делегации од Библиотеките од Поградец и Струга ...

