Од 1 до 7 август се одбележува Светската недела на доењето, глобална кампања чија цел е да ја подигне свеста за значењето на доењето и да ја поттикне поддршката за мајките, новороденчињата и семејствата. Годинашната тема, „Доење за одржлив почеток на животот: Да го зајакнеме она што докажано функционира“, ја нагласува потребата од заедничка одговорност во создавањето средина во која секоја мајка ќе може успешно да го започне и продолжи ...
Само 9,5 проценти од новороденчињата во Македонија се ставаат на доење во првиот час по раѓањето – период што Светската здравствена организација и УНИЦЕФ го сметаат за клучен за здравјето и на бебето и на мајката. Уште помалку охрабрувачки е податокот дека само 27,5 проценти од бебињата се исклучиво доени во првите шест месеци од животот, иако токму овој начин на исхрана се препорачува како најдобра заштита од инфекции, хронични заболувања и ...

