Мерките за купување стан со 20 отсто пониска цена од просечната или ослободување од комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови до 35 години се прошируваат со можност барем еден од брачните партнери да биде до 35 години, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. На Собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање на Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека двата специјални закона се ...

Продолжуваме со креирањето и спроведувањето конкретни мерки за младите, со цел да им овозможиме полесно да дојдат до сопствен дом. Со новата мерка, која ќе биде преточена во законско решение, ВМРО-ДПМНЕ предвидува младите брачни парови до 35-годишна возраст, кои сакаат да изградат сопствен дом, да бидат ослободени од плаќање на комуналии кон општините. На овој начин, директно го намалуваме финансискиот товар на младите семејства и им даваме ...