Предлогот на Бизнис – конфедерација на Македонија минималната плата да се зголеми на 28.500 денари, остана само на хартија. И покрај тоа што овој минималец е помал од оној што го бара Сојузот на синдикати на Македонија, сепак е прв предлог досега кој дошол од работадавачите и некаква „иницијална каписла“ за почеток на преговори. Во услови кога земјите во регионот ги зголемуваат минималните плати и речиси секаде истата ја надмина психолошката ...

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски смета дека барањето на ССМ за покачување на минималната плата за плус 200 евра е популистичко барање. Вели дека сите сакаме да имаме 600 евра минималец, но објаснува дека посакува системско решение – промена на Законот за минимална плата и да имаме минимален работен час. Околу протестот на ССМ закажан за 28-ми јануари и дали ќе дадат поддршка како КСС, ...

ССМ денеска излегува на протест. Ги повикаа сите работници да им се придружат во борбата за повисоки плати и повисок минималец. „Се бориме и за пензионерите и за критичарите“ кажа претседателот на ссм, Трендафилов. За притисоци врз работниците да не дојдат на протестот ќе објават во текот на неделата. Од владата порачаа дека секој има право на протест, но и дека минималецот ќе се зголеми согласно законот, односно за 1.600 денари од ...

„За да се зголеми минималната плата, треба да се видат трите клучни фактори, односно таа методологија на пресметување. Треба да се види инфлацијата, растот на просечната плата и продуктивноста. Во нашата земја сме со најниска продуктивност во споредба со другите земји во регионот“, вели министерот за економија, Бесар Дурмиши објаснувајќи зошто во моментов не може да се зголеми минималецот во државата, и покрај барањето на ССМ и работниците. ...