По речиси 10 години чекање на најновото сообраќајно решение во центарот на Скопје, којшто одамна е загушен од огромниот број возила и го прави движењето низ центарот неподносливо, на повидок е ново решение. Како што најавија премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, утре ќе биде означен почетокот на завршните работи за тунелот под комплексот „Лимак“ во центарот, кој се состои од станбени и деловни згради. ...
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ќе присуствуваат на свеченото отворање на градежните работи за првата етапа од булеварот Македонија. Овој проект ги опфаќа влезовите и излезите на подземната сообраќајница што ќе поминува под станбено-деловниот објект „Лимак“, лоциран во срцето на градот, веднаш до Старата железничка станица. Како што е познато, сообраќајното решение под „Лимак“ ...
Со официјалното означување на стартот на градежните активности, денеска започна реализацијата на првата фаза од булеварот „Македонија“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за Скопје. Почетокот на работите беше најавен во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, а од Град Скопје истакнаа дека со овој проект главниот град влегува во нова етапа на современ урбан развој. Градоначалникот нагласи дека станува збор за проект кој со ...

