Женската македонска кадетска репрезентација го освои второто место и сребрениот медал на Светското училишно првенство, откако попладнево во финалето загубија од Хрватска со 28:26. Македонските ракометарки имаа одличен старт и водство од 5:1, но противничките брзо се вратија до средината на првиот дел и поведоа со 8:6. Нашиот тим успеа да изедначи на 11:11, но на полувреме беше 15:12 за Хрватска. Ривалките во вториот дел се одлепија на +5 ...

Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училишно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32. Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети ...